1988: Во производствените погони од „Борка Левата“

Фабрика за чевли – „Борка Левата“

Фабрика за чевли – „Борка Левата“

9 септември 1988 година
„Народен Глас“

Финансиски паралели…

СОЛИДЕН ОСТАТОК

Тешкотиите во кои западна Чевларската индустрија не ја заобиколува и прилепската Фабрика за чевли „Борка Левата“.

Отежнатите услови за стопанисување предизвикани од непредвидливиот раст на инфлацијата посебно се одразува на чевларската индустрија. Ова од причини што се работи за еден специфичен производ кој до вчера беше мода и луксуз, се менуваше во секоја сезона дури по двапати, меѓутоа сега е поинаку. Не ретко се случува сандали да се носат во
пролет, а есента да се дочека со ланските чизми.

Во такви околности Фабриката за производство на чевли и горни делови за чевли постигнува релативно добри производствени и финансиски резултати. Сепак, никој ко колективот со 480 вработени не верува и не е убеден, дека се исцрпени сите внатрешни резерви. Во првото полугодие од годинава евидентиран пораст на сите економски категории што е огледало за работењето на една работна средина.

Вкупниот приход расте со стапка од 155 отсто или во периодот јануари-јуни овој основен економски показател изнесува три ипол милијарди динари. Минатата година доходот учествуваше во вкупниот приход со 36 отсто, а сега учествува само со 29 проценти. Шестмесечната пресметка покажува дека трошоците растат со побрзо темпо од квалитетните економски категории, како причина за наглиот раст на материјалните
трошоци веднаш се споменуваат цените на инпут-трошоците, или кажано со јазикот на стручњаците, материјалните трошоци за суровини
и репроматеријали пораснаа за пет до десетпати. Затоа доходот e зголемен за 105 отсто и изнесува 990 милиони динари.
На име на придонеси за општествените дејности, односно за дејностите од посебен општествен интерес за првото шестмесечје се одделени 170 милиони динари. Така она што останува како чиста заработувачка
за организциите e чистиот доход.
Тој во „Борка Левата“ изнесува 820 милиони динари. Тоа значи дека остатокот од 70 милиони динари во фондовите на организацијата е солиден резултат постигнат во исклучително тешки денови за чевларската индустрија.
Сепак со солидниот остаток и релативно доброто движење на економските категории не се одразува на личните доходи на вработените.

Во првото полугодие просечниот личен доход изнесуваще 170 илјади динари, така што тешко обезбедуваше егзистенција за прилепските чевлари. Меѓутоа, незадоволствата и протестите на работниците како во другите организации изостанаа, зашто надвладеа свеста дека објективните фактори имаа поголемо влијание на вкупните производствени и финансиски текови. Веќе во јуни направена е корекција за повеќе од 40 отсто и уште еднаш во јули, така што сега
просекот на личните доходи во „Борка Левата“ е на повисоко ниво. Просечно се заработува по 240 илјади динари.

Како и да е, прилепската чевларска организација која постои повеќе од 40 години чекори напред. Навистина, последниве години забавено, но скромно и во рамките на можностите и во согласност со условите за стопанисување.
_________________________________________________________________

Оптимистички извозни резултати…

ЗБОГАТЕНА ДЕВИЗНА КАСА

Меѓу алтернативите за излегување од тешкотиите, кои особено се изразуваат во пласманот на чевлите, извозот завзема приоритетно место. Ова од причини што е се помал интересот на потрошувачите не само на производите од „Борка Левата“, туку воопшто од целата чевларска индустрија. Затоа спасот на чевларската индустрија се гледа во извозот.

Вработените од „Борка Левата“ првите чекори веќе ги направија на странскиот пазар. Годинава на советските граѓани им е дадена можност да ги облечат чевлите од прилепскиот колектив од што се заработени, 1,1 милиони долари со тенденција на пораст. Така до крајот на годинава ќе се оствари извозот за што веќе се склучени и договори над два милиони долари.
Во периодот јануари-јуни испорачани се 47 илјади пара чевли, а деновиве се очекува потпишување на договор за производството по лон системот за една италијанска фирма. Навистина ефектите ќе бидат помали, но кога ќе се земе заштедата на камати, бидејќи не се врзуваат обртни средства во репроматеријали, тогаш ефектите се далеку поголеми. Паралелно, со оваа активност, не се мали шансите чевлите од „Борка Левата“ да се најдат на излозите во продавниците во Велика Британија и во Полска.

__________________________________________________________________

Трговска мрежа…

ПОВЕЌЕ ПРОДАВНИЦИ

Во колективот на „Борка Левата“ години наназад не се водело сметка за развојот на трговската мрежа. Meѓутоа, во последно време на овој значаен домен од пласманот е ставен посебен акцент. Рабатот од над 20 осто не е така мал, што би требало да се потценува.
Трговската маржа не само што обезбедува егзистенција на луѓето што продаваат, туку носи и значителни средства за работната организација. Почетокот беше со отворање на две продавници во градот, а од неодамна работат и продавници во Кавадарци и Неготино. Тоа секако не ќе биде крај на развојот на трговската мрежа. Се испитуваат градовите со посилна куповна мок на населението за отворатње на нови продажни простории.
________________________________________________________________

РАСТЕ ПРОИЗВОДСТВОТО

Движењето на физичкиот обем на производството може да биде најреална слика за статусот на една организација. Меѓутоа, не ретко се случува производството да расте, а финансиските резултати да изостанат како
последица на лошиот пласман.
Примерот со „Борка Левата“ не e таков. Напротив, чевлите од оваа работна организација уште мирисаат на лепило кога се ставаат во камиони.
Практично нема магацини за готови производи. Така шестмесечјето говори за натпроизводството а во првото натфрлање на производството
за 3,7 отсто. За овој период произведени се 119 илјади рала чевли и 200 илјади рала горни делови за чевли. Ваквите производствени резултати се над планот и влеваат оптимизам дека не само што ќe се остварат планските задачи, туку тие ќе доживеат и пораст.
Интересно е тоа што во последно време посебно внимание се свртува на квалитетот. Таканаречената „втора класа“ речиси ја нема. Единствено е можно прекласирање на производите заради слабиот квалитет на репроматеријалите. Исто така, вреди да се одбележи и заслужува сатисфакција податокот дека во почеток на годинава е евидентирано подобро движење на квалитетните фактори на производството, економичноста и продуктивноста.
Ваквите заложби на вработените, се верува во „БорКа Левата“, ќе продолжат и до крајот на годинава. Така се очекуваат уште поголеми
успеси.
______________________________________________________________

Инвестициона активност…

ДИСЛОЦИРАН ПОГОН ВО МАКЕДОНСКИ БРОД

Фабриката за чевли „Борка Левата“ води таква развојна политика што се демонстрира со дислоцирање на производните објекти надвор од Прилеп,
Првиот таков погон веќе неколку години успешно работи во Кривогаштани, каде се произведуваат горни делови за чевли, а во чие производство учествуваат околу 220 работници од околните села и Криво
гаштани. Искуствата од ова инвестиционо вложување се покажаа како позитивни. Затоа завчера во Македонски Брод е пуштен во работа уште еден дислоциран погон за произвдство на горни делови за чевли во неразвиената Општина Македонски Брод.

Во првата фаза, вработување најдуваат околу 110 работници. Горните делови за чевли ќе бидат главниот полупроизвод на овој капацитет, чие годишно производство изнесува околу 200 илјади рала полупроизводи. Пласманот е однапред обезбеден, така што не ќе има проблеми со залихи, а со тоа и камати.
И овој објект се работи по лон системот, што ќе овозможи рентабилно работење и зголемување на вкупнните производствено-финансиски резултати. Вредноста на инвестицијата изнесува 1,4 милијард динари. Во финансиската конструкција „Борка левата“ учествуваше со десет отсто сопствени средства, а остатокот се здружени средства, поволни кредити од банки и Фондот за развој на недоволно развиените подрачја, Современата и најмодерна технологија, сметаат стручњаците, ќе овозможи производство на горни делови со мошне висок квалитет.

Со ова не завршуваат инвестиционите преокупации. Сега сите сили се насочени кон обезбедување на соодветен работен простор на производствениот објект во градов. Сегашните простории не ги задоволуваат основните норми, пак затоа се настојува да се обезбедат средства или да се пронајде соодветен простор во градот.

Нема Коментари

Коментирај