Трескавечки Еухологиум од втората половина на XIII век.
Се наоѓа во Јагелонската библиотека во Краков (Полска) заведена под број BJ 932.
Ракописот е пишуван на пергамент и хартија на 123 страници. Најголемиот дел од кодексот е на грчко-словенски палимпсест. Ракописот е поврзан со книжевната дејност во манастирот Трескавец. Тој припаѓа во збирката (BJ 932- 937) на Рудолф Гутовски (Rudolf Gutowski), кој зел повеќе ракописи од манастирот Трескавец, кои подоцна ги подарил на Јагелонската библиотека во 1863 година.
Коментирај