1916: Ерековци

Ерековци

Ерековци е село во средишниот дел на Пелагонија и се наоѓа на крајниот јужен дел на Прилепското поле. Селото е во состав на Општина Прилеп (до 2004 под општина Тополчани), веднаш од левата страна на патот Прилеп – Битола.

Ерековци е рамничарско село на надморска височна од 660 метри, недалеку од Бакарно Гумно. Од градот Прилеп селото е оддалечено 23 километри. Во Ерековци работат основно училиште до IV одделение и 4 прехранбени продавници. Пред доаѓањето на Турците селото се нарекувало Сливово,(слива = ерек тур.). Населението се занимава исклучиво со земјоделство особено со одгледување тутун и житни култури (најмногу пченица и јачмен).

Во XIX век Ерековци било село во Прилепската каза на Османлиската империја. Во „Етнографија на вилаетите Адрианопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол во 1878 година и во која е да дена статистиката на машкото население од 1873 година, Елеклер (Eleklère) е посочено како село со 61 домаќинство и 189 жители муслимани, 85 христијани и 5 Роми.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија: Етнографија и статистика“) од 1900 година, Ерековци има 478 жители, од кои 110 христијани, 360 Турци и 8 Роми.

Во почетокот на ХХ век населението на селото било под управа на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Ероковци имало 110 егзархисти.

Според Димитар Гаџанов, во 1916 година во Ерековци живееле 425 Турци и 129 христијани.

Според пописот од 2002 година, селото има 385 жители, од кои 382 Македонци, еден Србин и двајца останати.

Во селото има основно училиште „Свети Кирил и Методиј“, до IV одделение. Функционира и Месна заедница, со цел подобрување на животните услови во селото. Село Ерековци го слави како селска слава големиот Христијански празник Велигден.

Од спортот во Ерековци,постарите генерации го паметат фудбалскиот клуб „Стрела“. За жал, тој клуб повеќе не постои. Во селото долги години опстојувало и Културно уметничко друштво.

Нема Коментари

Коментирај