2003: Зградата на Економскиот факултет во Прилеп

Економски факултет

Економски факултет

Во 1960 година основана е Вишата економска школа, која во 1974 година прераснува во Економски факултет во рамките на Битолскиот универзитет.

Економскиот факултет во Прилеп е првата високообразовна институција во градот Прилеп, како составен дел на универзитетот „Свети Климент Охридски“ од Битола.

Денес на Факултетот активни се следниве студиски програми:

Студиски програми – прв циклус:

- Е-бизнис
- Менаџмент и бизнис
- Сметководство финансии и ревизија
- Меѓународна економија и бизнис
- Маркетинг менаџмент
- Бизнис информатика
- Банкарство и финансиски менаџмент
- Иновациски и проектен менаџмент

Студиски програми – втор циклус (постдипломски студии):

- Е-бизнис
- Маркетинг менаџмент
- Меѓународна економија и бизнис
- Сметководство, финансии и ревизија
- Банкарство и финансиски менаџмент
- Иновациски и проектен менаџмент
- Менаџмент

 

ИЗГРАДБАТА НА НОВАТА ЗГРАДА ОД ФАКУЛТЕТОТ

Проектант на новата зграда на Факултетот е дипломираниот инжинер архитект Славчо Вренцоски кој има прилепско потекло, а живеел и работел во Скопје.
Според авторот Вренцоски, најсилен инспиративен извор за овој објект
е воодушевувањето од Марковите кули и многубројните посети на оваа историска знаменитост за што и самиот автор елаборира во својата студија. Исто така, врз креирањето на концептот за Економски факултет Прилеп влијаеле манастирскиот комплекс „Св. Наум“ во Охрид и проектот на четирите академии во Белград.

Новата зграда на Економскиот факултет Прилеп е изградена од страна на градежното претпријатие „Бетон“-Скопје, кое на тендер понудило најповолни услови за градба и кое учествувало во финансирањето на објектот со 50% сопствени средства на име кредит. Конкретните услови за користење на кредитот и градбата на објектот биле дополнително
утврдени со посебен договор склучен меѓу изведувачот и инвеститорот. Притоа, Советот на Факултетот го овластил деканот, проф. Љупчо Аџи Митрески да го потпише договорот со градежното претпријатие „Бетон“. Изградбата на објектот започнала веднаш по откупувањето на плацовите од повеќе лица со цел да се оформи потребната градежна парцела. Малку е познато дека со цел обезбедување средства за доградба на новиот објект на факултетот, Советот на Економски факултет-Прилеп донесол одлука за оттуѓување на објекти во Скопје, Охрид и Прилеп што биле во
сопственост на Факултетот.
Притоа, Деканската управа на Факултетот била задолжена да оцени кој објект е поприоритетен за оттуѓување до висината на обврските потребни за довршување на новиот објект. Постапката на оттуѓување била извршена на начин утврден со законски прописи за оттуѓување на основни средства.

Новата зграда на Економскиот факултет Прилеп била изградена за период од три и пол години по што следеле подготовките за нејзино пуштање во употреба.
Факултетска зграда е пуштена во употреба на свечен начин на 9 септември 1978 година. На овој чин присуствувале голем број видни личности од општествено-политичкиот живот во тоа време.

Нема Коментари

Коментирај