2015: Село Дуње

Дуње

Дуње се наоѓа на северозападната страна на прилепскиот дел на областа Мариово, на 29 километри од Прилеп.
Селото е ридско, на надморска височина од 690 метри. Од градот Прилеп населбата е оддалечена 29 км. Атарот е мошне голем и зафаќа простор од 43,8 км2. Ha него пасиштата заземаат површина од 2.487 ха, на обработливото земјиште отпаѓаат 1.339,1 ха, а на шумите само 15,6 ха. Селото има полјоделско-сточарска функција.

Според османлиските пописни тефтери село Дуње броело жители:


- 1476/77 година (Тефтер № 4) 13 домаќинства и еден неженет.
– 1481/82 година (Тефтер № 16) 23 домаќинства.
– 1519 година (Тефтер № 73) 56 домаќинства 4 неженети и 2 вдовици.
– 1528/29 година (Тефтер № 149) 43 домаќинства 9 неженети и 2 вдовици.
– 1544/45 година (Тефтер № 232) 37 домаќинства 5 неженети и 1 вдовица.

Вo XIX век Дуње било големо село во Прилепската каза, Мариовска нахија на Османлиската империја. Во „Етнографија на вилаетите Адрианопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол во 1878 година и во која е дадена статистиката на машкото население од 1873 година, Дуни (Douni) е посочено како село со 125 домаќинства и 515 жители христијани и 8 Роми.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија: Етнографија и статистика“) од 1900 година, Дуйнье има 1224 жители, од кои 1200 христијани и 24 Роми. Во почетокот на ХХ век населението од селото било под управа на Бугарската егзархија.
Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Дуње имало 1024 егзархисти и работело бугарско училиште.

При избувнувањето на Балканската војна во 1912 година, тројца селани биле доброволци во Македонско-одринската доброволна чета.

Во 1918 година, Петар Карчев, кореспондент на Четвртата пешадиска преславска дивизија, сместена во Мариово, пишува:

„ Крушевица и Дуње даваат целосна претстава за големата сиромаштија во Мариовската област. Овие места даваат, според мене, идеја и за најбедниот начин на живот, кој можеше да се сретне во тие години во Македонија.
Животот на селаните наликуваше на еден од најзаостанатите човечки животи на Балканот. Можеби само некои најоддалечени места во Албанија можеа да се споредуваат со Мариово по својата примитивност и бедност. Куќите беа направени од камен и внатре претставуваа една заедничка просторија, по должината на едниот sид се наоѓаше огништето.
Луѓето од домаќинството лежеа на пространиот под врз слама. Едната половина од истата просторија беше постојан дом за кравите и коњите. За добитокот немаше посебни простории.
Куќите беа покриени со ‘ржана слама а некои од нив со камени плочи. Не може да стане збор за каква било хигиена на жителите на Мориово поради заедничкиот живот со стоката.
Претпоставувам дека ова може делумно да го објасни силното ширење на сифилис во регионот на Мориово, особено во некои од селата, на пример како што е Дуње…“

Според Георги Трајчев, Дуње имало 138 куќи со 1224 жители. Во Дуње работи основно училиште до IV одделение, има пошта, земјоделска задруга и продавница. Како, впрочем, од многу села во Мариово, така и од Дуње се иселил значителен број од населението.

Националност

1948

1953

1961

1971

1981

1991

1994

2002

Вкупно 594 713 778 731 333 165 145 77
македонци   710 775 728 332 165 145 77
албанци   0 0 0 0 0 0 0
турци   1 0 0 0 0 0 0
роми   0 0 0 0 0 0 0
власи   0 0 0 0 0 0 0
срби   1 3 2 1 0 0 0
други   1 0 1 0 0 0 0

 

ЛИЧНОСТИ:

Во Дуње се родени македонските револуционери Анте Дуњски и Стојан Димов.

Нема Коментари

Коментирај