1 јануари 1918:  Арно Хааг: „Поглед од Прилеп, Македонија“

Исламска заедница

Исламска заедница

За првпат регистрирани муслимани во Прилеп се појавуваат во 1445 година, кога според пописниот тефтер се запишани 10 домаќинства. Според зачуваните пишани податоци, во 1467/68 година, нивниот број се зголемил на 21, во 1481/82 – 141, а во 1544/45 – 210.

Исламизацијата во Прилеп до околу 1470 година била незначителна. Во 1481 година, од вкупно регистрирани 141 муслиманско домаќинство (без неженетите), 12 од нив биле исламизирани. Во 1528 година, од вкупно регистрирани 240 муслимани, 58 биле исламизирани, што значи дека скоро секој четврти од регистрираните муслимани во градот бил исламизиран христијанин. во 1544/45 година, од вкупно 189 муслимански домаќинства, 48 биле исламизирани.

Во 1468 година регистрирани се две чисто муслимански маала: „Хаџи Убејд“ и „Кетхуда Пирлепе“.

Називите на муслиманските маала се добивани според одделни личности со титула „бег“, како на пример: „Дурали бег маало“, „Иса бег маало“, „Јаракли бег маало“… Во 1528 година се среќава и првото муслиманско маало со назив „џамија“, што значи дека подигањето на првата џамија во Прилеп се лоцира меѓу 1481 и 1528 година.

Во 1481 година се регистрирани и првите верски службеници – тројца имами и двајца муезини.

Во 1528 година, покрај постоењето на една џамија и четири месџиди, регистрирано е постоењето и на еден амам.

1 коментар

  • mustafa January 10, 2016

    Selamun Alejkum Ve molam pustite sliki na ostanatite Camii i Medresata vo Prilep
    Pozrav.Selam

    Respond

Коментирај

© 2011/12 dbmc