Локалитетот „Каменица“ со поглед кон касарните.

Локалитетот „Каменица“

Локалитетот „Каменица“ претставува населба од енеолитско време. Се наоѓа на околу 2 км североисточно од последните куќи на градот и ка околу 500 метри северно од патот Прилеп-Велес преку Бабуна, на блага падина што се спушта од Кукул.

Во последните изминати децении, со каменоломот од кој е кршен камен, веројатно се уништени значителни делови од оваа праисториска населба, која егзистирала пред повеќе од 5 илјади години. Сепак, на просторот од локалитетот се среќаваат безброј остатоци од населбата, пред се, од неолитска керамика, но и голем број на траги по гранитните површини правени по карпите, со што тие се приспособувале за животните потреби на луѓето од оваа населба, било за простор за живеење, било за други потреби, врзани со опстанокот на овие прастари жители.

Интересно е да се спомне и случајното откривање на еден гроб од развиеното железно време (VIII и VII век пред нашата ера), во рамките на прилепската касарна, која се наоѓа на околу 500 метри југоисточно од локалитетот „Каменица“.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc