Карпата „Наковална“

Карпата „Наковална“

Карпата „Наковална“ се наоѓа на првиот превој, на кој се наидува на патот што ги поврзува Заград и делот откај локалитетот Баба, кој исто така е древно населуван простор. Источно од каменот, кој личи на вистинска наковална од огромни размери, само на педесетина метри, се наоѓа уште една голема карпа, која со еден откршен и навален дел го надополнува амбиентот на ковачка работилница, со својата форма на менгеме.

На таков начин, местото наликува на природно светилиште, посветено на богот на ковачкиот занает Хефајст. Имајќи го предвид и фактот дека, во околниот простор се среќава и керамика од постарите периоди на цивилизацијата, анализата добива поцврста основа.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc