Ѓоре Напески

Ѓоре Напески

Ѓоре Напески е роден во Прилеп на 11 април 1933 година.

Завршил Филозофски факултет во Скопје. Работел како новинар во Радио Прилеп, а потоа во Радио телевизија Скопје. Тој е еден од основачите на списанието „Стремеж“ и негов долгогодишен главен и одговорен уредник. Член на ДПМ од 1963 година.

Објавени книги:

„Ловци на ветрот“ (поезија, 1965)
„Времетраење“ (поезија, 1975)
„Прилапон“ (поезија, 1982)
„Ден без власт“ (раскази, 1985)
„Плима“ (поезија, 1989)
„Меѓупростор“ (поезија, 1992)
„Објава“ (поезија, 1998)
„Дваесетшесмина“ (зборник во коавторство, 1972)

Добитник е на наградите:
Трето Ноемвриската награда на Општина Прилеп, како главен уредник на списанието „Стремеж”, за соработка и уредување на оваа публикација.
Златен венец на Струшките вечери на поезијата за необјавена песна во 1965 година.

Нема Коментари

Коментирај