Декември 1970: Димитар Гешоски и Милица Стојанова во „Екран“

„Се чувствувам како девалвиран динар“ – Интервју со Димитар Гешоски во „Екран“

СЕ ЧУВСТВУВАМ КАКО ДЕВАЛВИРАН ДИНАР

26 декември 1970 година „Екран“

 

„Вакво чувство Димитар Гешоски има кога е во прашање филмот, додекана малиот екран е нешто друго: „Таму сум како зелен долар“. - Могиљани: „Виното е толку добро што треба да се пие стоејќи!“. – Гешоски: „Тоа толку го прифаќам што ми е тешко станувањето од масата!“
 
 

- Бидејќи те интервјуирам за „Екран“, какви ти се моментно врските со филмскиот и ТВ екранот?
-Во ФРЗ и во „Вардар филм“ се чувствувам како девалвиран динар, а како зелен долар на ТВ. Во ФРЗ сум самоуправувач, а управувачите на „Вардар филм“ веќе подолго време ми се должни.

- Како ти е в театар?

- Како на Ганди под Англичаните – два месеци, не примам плата, „гладувам“, па се одржувэм исклучиво со течности.

- Реплицирај со Модиљани кој вели – Виното е толку добро што треба да се пие стоејќи… 
- Толку е прав и толку го прифаќам, што многу тешко ми паѓа стануването од маса.

- Што ти е хоби?
- Безнадежно прашање. Зарем може кај мене, како и кај тебе, да се сочува колекција од разни пијалоци?

-Многу си дрдорлив.
- Ако е така не задавај прашања што не ти конвенираат…

- Дали е вистина дека сите ние имаме страв од смртта?
- Ти пак зборуваш како којзнае колку сме живи.

- Во последнава улога мошне често вадиш меч. Не заборавај ја онаа народната според која секој што вади меч од него и гине…
- Спроти оние од чиј што меч би требало да загинам, би пукал и со топ зашто ми ги нема в сала. Инаку го вадам, зашто мечот на секого не му прилега.

- Што мислиш за Душко Наумоски и ТВ филмот „Иван Гулабин“ што го сними по сценарио на Живко Чинго?
- Крановите добро ги водеше на екраните, не знам како ќе помине, бидејќи во филмот јас му сум совест на Ацо Јовановски. Нека се држат гледачите.

- Сега работиш во дипломската претстава на Димче Станковски – Дебелото.
- Танко – танко предеме, а мислам дека дебела работа ќе испадне.

- Што ќе речеш за Бранко Гапо во чии два филма играш? 
- Да не беше Иванов во „Денови на искушение“ и попот во „Време без војна“. Не ќе беа ни Ѓорѓе ни Бранче погребани.

-Што ти се допадѓа најмогу во ретроспективата на македонеката кинематографија што ја емитуваше телевизијата? 
-Мислам дека најуспешен беше коментаторот Ѓорѓи Василевски.

- На какви нозе стои вашиот театар? 
- Зависи од тоа какви патерици ќе ни дадат Драгољуб Ставрев и Кочо Битољану.

- Зарем директорот Ристе Стефеновски умее да оди на патерици? 
- Сум му ветил дека повеќе нема да се занимавам со неговата рехабилитација.

- Љубиша Георгиевски е, приcутен и в театар и на филм… 
- Кога ќе тргне „Покојник“ да прави филм, и планини од гнев да се нишаат и Републиката да ја плаќа цената на градот. Верувај, ништо не помага.

- Што во 1971 не сакаш да се повтори? 
- 1941!

- Иако сме на лева ноrа, речи нешто духовито, или неверојатно. 
- Вчера се сретнав со Тодорка Кондова – Зафировска и не ми направи никаква забелешка за претставата, а директорот Ристе Стефановски не ми закажа состанок.

Бранко Варошлија

 

Нема Коментари

Коментирај