Димче Митрески – Јавашот е роден во Вишне маало во 1922 година. Потекнувал од бедно семејство. Уште како младо момче се заинтересирал за идеалите на илегалната организација на КП.
Во 1939 година активно се вклучил во Партијата. Учествувал во штрајкот на монополските работници, растурајќи илегален материјал.
По окупацијата активно учествувал во подготовките за вооружено востание. Бил учесник во создавањето на првиот партизански одред „Гоце Делчев“. Откриен бил од бугарската полиција и затворен во битолскиот затвор, каде што бил подложен на безмилосно и крвничко тепање.
Во 1942 година од битолскиот суд бил осуден на 12 години строг темничен затвор. Казната ја издржувал во Битола, Скопје и Ќустендил се до капитулацијата на фашистичка Бугарија. По ослободувањето работел во органите за внатрешни работи.
Пишувал за „Народен глас“ и „Стремеж“. Автор е на повеќе вредни статии за учеството на НОБ во Прилеп и прилепско.
Починал во 1984 година.
Коментирај