Стефка Попоска Тасеска

Стефка Попоска Тасеска

Стефка Попоска Тасеска е родена во Прилеп во 1888 година.

Уште како мала незината мајка Марија починала и за неа се грижел таткото отец Јон (Јован) и дедото отец Алекса. Бидејќи како мала била мирна и не плачела, сите дома и комшиите велеле дека е мирна како бубе, па со тек на време го добила прекарот Бубе (Бубето) од Тепајмајковци.

Бидејќи подоцна и татко и отец Јон починал, сета грижа за неа ја презел дедото. Тој ја испратил да учи во Солунската женска гимназија. По враќањето од Солун се вработила како учителка во Прилеп.

Како учителка имала повеќе понуди да се мажи, но не сакала да го остави дедото сам, велејќи дека, ако се мажи, ќе се омажи заедно и со својот дедо. Откако се омажила за Стефан Тасески, ја откажала учителската работа и се посветила на семејството и децата.

Починала во 1951 година.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc