Спиридон Мирчев

Спиридон Мирчев

Спиридон Мирчев е роден во 1866 година во Прилеп.

Предавал математика во прилепското училиште во учебната 1887/88 година, во времето кога бил директор Анастас Наумов. Како учител по математика учителствувал и во Битола. Таму го советувал Никола Киров Мајски да го напушти шивачкиот занает и повторно да тргне на училиште за да го заврши третиот клас, овојпат како стипендист, при што Мајски го послушал.

Мирчев подоцна ја извршувал функцијата егзархиски училишен инспектор и секретар на митрополијата во Битола. Со лични парични средства учествувал при изградбата на прилепското училиште во 1894 година.

По Балканските војни Мирчев одбил да им се приклони на Србите, со тоа што не ја потпишал декларацијата за лојалност кон српската круна и на 26 јули 1913 година, заедно со своето семејство, бил екстерниран во Бугарија, каде што се населил во Софија.

Спиридон Мирчев имал три синови: бугарскиот новинар и економист Бојан Мирчев, писателот Петар Мирчев и лингвистот Кирил Мирчев.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc