Цветан Павлоски – Џгуре е роден 1922 година во Прилеп, во сиромашно, но многудетно семејство.
Уште како младо момче работел како сезонски работник во Монополот. Во 1938 година се приклучил кон КП. Веднаш по востаничките истрели на 11 октомври, заедно со уште осум борци, се приклучил кон партизанскиот одред на Мукос. На 23 октомври 1941 година учествувал во формирањето на прилепскиот партизанскиот одред „Гоце Делчев“.
Иако во илегала, бугарската полиција го пронашла и го осудила на 15 години строг темничен затвор, каде што останал се до капитулацијата на фашистичка Бугарија. По ослободувањето работел во органите за внатрешни работи.
Починал во 1979 година во Скопје.
Коментирај