Црква „Свети Никола“, село Загорани.

Црква „Свети Никола“, село Загорани

Црква „Свети Никола“, село Загорани

Црквата „Свети Никола“ во село Загорани е еднокорабна, полукружно засводена градба, со полукружна апсида на источната страна. Според теренските испитувања на Јован Трифуноски, црквата е изградена во 1882 година, во чест на „Свети Никола летен“. На западната страна, покасно е дограден трем, кој е пренаменет како трпезарија со кујна.

Црквата има комплетен фрескоживопис, изработен во 1890 година од фрескописецот Ефтим Спасевич од Гари, кога свештеници биле Димитар и Неделко Матевич, а епитроп Тасе Наумчев Звездак, според ктиторскиот напис.

1 коментар

  • Цане July 5, 2015

    Ви благодарам за сликите од црквата во која сум крсѕен.

    Respond

Коментирај