Црква „Свети Никола“, село Обршани
Во 2001 година осветена е новата камбанарија.
Црквата „Свети Никола“ во село Обршани е еднокорабна градба, полукружно засведена, со полукружна апсида на источната страна. Нема конкретен податок кога е градена, но се претпоставува дека тоа е во првата половина на XIX век.
Првобитниот живопис во 1943 година е покриен со нов слој. На западната страна во 1886 година дограден е затворен трем.
Коментирај