Црквата „Свети Никола“ во село Крстец

Црква „Свети Никола“, село Крстец

Црквата „Свети Никола“ во село Крстец е еднокорабна градба, полукружно засведена, со полукружна апсида на источната страна, оживеана со пет слепи ниши.

Подигната е во 1881 година, а обновена во 1904 година.

На западната страна, во 1913 година, дограден е трем. Живописот во црквата датира од 1943 година, а негови автори се браќата Доневи од Гари.

Нема Коментари

Коментирај