Црква „Свети Никола“, село Кривогаштани
Црквата Свети Никола е трикорабна базилика, со полукружна апсида на источната страна, однадвор расчленета со пет слепи ниши. Изградена е во 1847 година, а живописана во 1860 година. Црквата е изградена благодарение на свештениците Стојан и Андреј од Кривогаштани, а осветена е од Пелагонискиот митрополит Бенедикт.
Во 2013 година завршено е комплетното реновирање на црквата и истата година е преосветена од Митрополитот Петар. Црквата има и женска црква – галерија на кат, на западната страна. Пред влезот на црквата, од западната страна се наоѓа камбанаријата. На влезот од црквата, над вратата, во 2013 одина насликана е фреска во чест на Свети Никола од сликарот Благоја Атанасоски. Во текот на реновирањето, фасадата е изведена од камен со фуги. Новиот симс/венец и новиот покрив целосно ја заштитиле црквата од прокиснување. Влага не е видлива по ѕидовите на црквата. На подот се поставени травертински плочки.
Во дворот се наоѓаат и селските гробишта. Во црквата се чува надгробна стела од мермер со релјефна претстава во две полиња. Во горниот дел лево има две мали фигури на постамент, а десно три фигури што лежат и десно од нив жена што седи. Во долното поле стојат три фигури.
На западната страна во дворот се наоѓа трпезарија, која се користи за помени и погреби, како и магацински простор.
Коментирај