2022: Црква „Свети Никола“, село Бело Поле

Црква „Свети Никола“, село Бело Поле

Црква „Свети Никола“ во село Бело Поле, соред преданието, кое го сочувале мештаните, била изградена во 1874 година од страна на крушевски мајстори а материјал за градење е носен од месноста „Тумба“. Иницијатори за градбата биле семејствата на Аџиовци и Чораповци.
Истата била живописана во 1914 година.
Градбата на црквата има правоаголна основа. Кон западната страна е доградена припрата, која што е пониска од висината на храмот. Во црквата се влегува преку припатата која има два влеза – едниот на северната и другиот на западната страна. Објектот на црквата во целост е варосан и е покриен со кров од ќерамиди, додека од јужниот ѕид на припратата се забележува дека била изградена од камен.

Нема Коментари

Коментирај