Црква Света Троица, село Тројкрсти

Црква „Света Троица“, село Тројкрсти

Црквата Света Троица во село Тројкрсти е еднокорабна, полукружно засводена градба, со петострана апсида на источната страна. Според теренските испитувања на Јован Трифуноски, црквата е изградена во 1857 година, а осветена е во 1858 година од Пелагонискиот митрополит Бенедикт, кога е завршена и градбата. За време на градењето на црквата, користен е камен материјал од местото викано „Стара црква“. На западната страна, покасно е дограден трем, кој во поново време е пренаменет како трпезарија со кујна.

Нема Коментари

Коментирај