Црква „Рождество на Пресвета Богородица“, село Мало Коњари.

Црква „Рождество на Пресвета Богородица“, село Мало Коњари

Црква „Рождество на Пресвета Богородица“, село Мало Коњари

Црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Мало Коњари е еднокорабна градба, полукружно засведена и со полукружна апсида на источната страна, која од надвор е расчленета на седум плитки ниши. Подигната е во 1873 година, а живописана во 1875 година.

Пред влезот на црквата, од западната страна се наоѓа камбанаријата со отворен трем, подигната во 1920/30 година.

Во црквата има богат и раскошен фрескоживопис. Црквата целосно е фрескописана во 1875 година од мајсторот Стојче Станков од Крушево.

Нема Коментари

Коментирај