Јули 1918: Старата Чаршија...

Старата чаршија

Старата Чаршија

Старата Прилепска чаршија е урбанистички комплекс, којшто својот најголем подем го има во втората половина на XVIII и почетокот на XIX век, кога Прилеп бил развиен трговски и занаетчиски центар. Во втората половина на XIX век, по серијата пожари кои ја зафатиле чаршијата во 1854, 1866 и во 1873 година, економската и трговската моќ на Прилеп опаѓа.

Денешниот изглед, старата прилепска чаршија го добива во втората половина на XIX век, а комплексните проблеми, кои го исполнуваат општественото живеење во овој период, исполнет со кризни состојби на сите нивоа од општествените структури, предизвикале девалвирање на естетските и функционалните специфики на чаршијата.

2 коментари

  • andon July 26, 2014

    alal da vi e

    Respond
    • PSF July 26, 2014

      Ви благодариме…

      Respond

Коментирај

© 2011/12 dbmc