Колумна: „Кече“ објавена во весникот Дневник на 5 мај 2001 година.
„Кои сме ние, навистина кои сме?
Билки ли сме, треви подгорени, чкорлосани, треви горки и за стокана нејадими? Џбуње ли сме, драка ем чалија-трнон Христов што ни за потпалок не го бива, од кого кавал не се прави, а ни прате за потпир на припратана страга што е? Кои сме ние, навистина кои сме? Пуза ли сме, дробна пуза саде за в ѓубриште, на купон пепел во мутлине, отпад реав и нетребен, тоа ли сме? Може да е да сме гниди, болвосерки, мувји измет, од тафтабита блујаница, ил ситнине гаднки меѓу два нокта што пукаат, што се лочаат, што се гмечат, за морници да те заморат кога в куќи ќе ти бувнат, тоа ли сме? Мора да сме тоа…
Или може да ни се згодило да е не, да не сме такви, туку нешто поодбивно, побурбатно, по за нигде и никаде, нешто за на буниште саде. И полошо и триш полошо. Оти како може да се појми, протолкува, истолмачи за до умон човечки да стаса, тоа што еве го трпиме, в амут заглавени го теглиме, на плешките лесно ломни не товари, низ животта ни ровари и го прави да ни живот труднана тормоза, ридание, скуд недокрепим, плач нечуен и успение како решение…
Што, зарем не ќе да е така? Зарем има некој од жена роден, од мајка првостинка подоен кој ќе застане упрекум погорното? Не, никако, нема…
Туку тоа ќе да е ништо, иако е се, оти се што можеше, што им се здаде, ни потоморија, се лапнаа, обраа, искрадоа, наспроти она кое сега не затече, ни се вдаде: почнаа да не ништат. Да не касапат “момците од планините” што би рекле некои надалеку “прочути” албански “интелектуалци”, некои духовни комарци и морални бубашваби, на кои кечето не им е лесно видливо, оти го носат под темето, внатре черепот. Онаму каде што, у нормалнога, би требало да се наоѓа кортексот, сивата маса, онаа твар со која се мисли, просудува и одбира, она ткиво каде човекот се обликува себе и ги формира своите човечи назори и својот однос кон светот…
И ете така, од хомо сапиенси стануваат анимал симболикум – симболички животни, поправо животни заточени во некаков симболички систем во кого кечето е клучниот кумир и е носител на корпусот, на сета содржина, на средишниот центрипетален став: Сите кечиња во една држава! Сите кеченосци во крдото, во стадото, сите в трло под знамето на двоглавиот стрвинар, на алавиот мршојадец…
Токму така, оти се друго е лага гнасна и долна и исцело камењарска: Лажат кога тврдат дека убиваат, а потоа ѕверски ги парчосуваат мртвите во канибалистички некој занес, заради некаков недостаток на права, пред се народни, правата на глутницата. Секој, макар и површен увид ќе утврди дека ги имаат повеќе од што имаат чере да ги искористат, капацитет да ги поднесат: Албанските жени, на пример, и покрај правото на цеосна рамнопраност, живеат во морничаво средновековно ропство: забрадени, затутулени, во домот сопствн, зад високи ѕидини, заточени и тормозени повеќе отколку марвата им в пондила која саде р’нга и се расплодува. И децата исто: уште не пркнати в бразда, уште нејаки со дикелот в раце, со крампот и мотиката, неопрани и брндави, без шанса уки да учат за да се научат да препознаат “што е лепо на дуњава”, свет да видат и мерак да останат. А пред се да бидат деца, палави и восхитени, од животта прерадувани, вместо тоа тие во џамии, во целосна верска затуцаност, сред непровидниот мрак на незнаењето кое од медресите се шири… Кривоверат и кога тврдат дека биле недоволно застапени во институциите на системот, дека тоа требало да биде соодветно на нивниот број: Настрана тоа што бројот безочно го зголемуваат, но ако така се постапи тогаш, заради нивната постојана демогравска експлозија, ќе треба да им се вработуваат и пеленарчињата…
Туку до институциите на системот, како и сеедно каде другаде, би требало да се стасува по заслуга лична, од своите можности, а не според квоти, според некаков статистички клуч кој, недвосмислено, е навредлив: Демек за сува не ги бива ако на овој начин, кој не подразбира ниво на знаење и грамотност соодветна, не се смилостивиме да ги примиме, да им фрлиме кокал. А најмногу мамат, лажат како скинати, кривотворат и кривоклетат нивните политичари, таа братија на џабелебари, арамолепци и ситни фалсификатори на сопственото мислење и ставови кои повеќе личат на перверзни фигури венерис, отколку на нормално човечко мнение…
Довдека бев стасал со текстов во миговите кога не снајдоа настаните во Битола и по негде другаде ширум нашта Македонија. Тежината на збиднувањата ме принудија да ја напуштам темата, пред да стигнам до заклучните поенти, и да исчекорам во она што сега се чини жешко до бело усвитување: Резил стана под Тумбе кафе, срам голем од кого ќе црвенее историјата, таа промискуитетна милосница на која очи ќе и капат што ќе мора да ја памети бруката, да ја типоса во своите немливи дефтери: Сред Битола Битолчани удрија на Битолчани, без дикат и одбир, така ќорлемечки им ги запалија семкарниците и леблебиџилниците, кафе-шантаните и магазите на некои иноверни печалници, на луѓе домаќини, на Македонци. На Торбешите, на пример, на најнашите чии чукундедовци, под принуда која само можеме да ја замислиме, верата си ја мениле. Зарем тоа може да е вина, дотолку повеќе што не е нивна, ами од претците, која векутума ги товари, за која и на овој начин ќе плаќаат. Некои други ни ги убија “младинците роса”, не битолските Торбеши, или сеедно кои муслимани, макар и Албанци, некои таму сред шарпланинските небесни височини. Зарад тоа на секој здрав и чесен македонец од жал недокрепима срцето му крвари, и на Торбешите вклучително. А владиката Петар нека молкни, и така е до гуша во мурдарлаци севозможни. Пепел в уста Епископе, не тераја паствата меѓусебе да се ништи за да ни пишти земјичката- мајчичката. Заради некаква земна благоугодност во грев непростим и неотпишим паѓаш и сам дверите адски си ги одмандалуваш, оче владико. Треба само да се препрочита Крушевскиот манифест, кој луѓето не ги дели ни по верска ни по национална основа,ами само според нивните постапки, и да се чуе мудрото благоглаголење од Гоцета Делчев, за да се разлучи што треба да се прави сега и по оваа наезда грамадна: Македонија треба да се брани таму каде е нападната и од тие од кои е нападната, да се брани и да се одбрани. Сите ние, и чесните Албанци вклучително, ќе застанеме под знамето на Македонија, во редовите од Армијата на Македонија, тогаш кога ќе не повика татковината. Осумте мина херои не паднаа на браникот на државата за ние да го уништиме низ погром, во оган, она зарад кое јунаците положија се што имаа: своите млади животи.
Коментирај