Борис Сугарев

Борис Сугарев

Борис Сугарев е роден на 12 март 1878 година во Прилеп.
Откако го завршил третиот клас од трикласната гимназија во родниот град, своето образование го продолжил во Солунската машка гимназија. На 15 август 1890 година како петтокласен ученик се запишал во Военото училиште во Софија. На 1 јануари 1900 година произведен е во Први офицерски чин и распореден како пешадиски потпоручик во Петтиот пешадиски дунавски полк во Силистренскиот гарнизон.

Во 1902 година Борис Сугарев учествувал во Горноџумајското востание.
По неуспехот на востанието во пролетта 1903 година заедно со четата на поручник Софрониј Стојанов повторно заминува во Македонија каде што е распореден како командир на одделение во четата на тогашниот капетан Александар Протогеров која дејствувала во Серскиот револуционерен округ.

Загинал во битка со турскиот аскер, на 28 април 1903 година, во близина на Горноџумајското село Габрово.

Нема Коментари

Коментирај