Богдан Грабулоски – Боначо
Завршувајќи ја Академијата за ликовни уметности во Приштина во 1980 година, а потоа и магистратурата на Универзитетот за уметност во Белград, го трасирал својот уметнички пат како вајар. Создаде многубројни дела во камен, но се „проба“ и во други техники.
Со години придонесуваше за ликовниот живот во градот, организирајќи изложби во галеријата на ЦК „Марко Цепенков“.
Административно заминува во пензија, онака како што знае и умее, со изложба, на која ќе каже: Делото „Софија на стол“ е скулптурата е во камен, работена пред 30 години. Ја изложувам, заради тоа што и сега е актуелна. Тематски е интересна. Ја претставува мудроста на малиот стол. Инспиративна е мудроста од мислата. Од бел камен-сивец е, говори вајарот. За 30 години творештво, создадов многу дела, слики и цртежи, оти уметноста пулсира од секоја моја клетка. Научно пристапувам во творештвото. Основата ми е звукот. Тој е многу интересен ликовен елемент. За секој уметник е важно преку делото да го пренесува чувството – потенцира Боначо, кој вели дека додека го држат умот и рацете, нема да се откаже од уметноста.
Од 1999 година е Витез на одделот за уметност на Ordine Accademica Internazionale – Greci-Marino, Вербано, Италија. Реализирал бројни самостојни изложби во родниот град, во Скопје, Битола, Охрид, Куманово, а бил дел од претставувањата на групни изложби во Мурска Субота во Словенија, во Софија, Панчево, Истанбул, Суботица, Санкт Петербург, на Интернационалното биенале во Сао Паоло. Учествувал на манифестациите на ЦСЛУ, на колониите во Сопоча и Комарно.
Добитник е на првата награда во Мурска Субота, на Нерешки мајстори во 1986 година, на СОРОС центарот за годишна изложба. Дел е од кусиот филм „Крикот на глувонемиот“.
Коментирај