Благоја Ристески - Платнар

Благоја Ристески – Платнар

Благоја Ристески – Платнар е роден во Прилеп на 5 март 1949 година.

Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје во 1975 година. Тој е еден од ретките автори, кој умееше драмските текстови да ги пишува во стихувана форма и со специфичен архаичен збор. Обработуваше теми од македонското милје, македонските митови и од македонската историја и политика.

Во 1999 година Платнар сними и три кусометражни филма, документарна трилогија, на која беше комплетен автор: „Алшар“, „Нигра сет формоса“ и „Горна земја“. Од 2002 година беше директор на Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Драмски текстови: „Carcinoma mamae“ (1982); „Спиро Црне“ (1989); „Арсениј“ (1993); „Ибро јаране“ (1994); „Летни Силјане“ (1994); „Лепа Ангелина“ (1995); „Венко“ (1998).

Награди: Награда за најдобар драмски текст на Македонскиот театарски фестивал Војдан Чернодрински – Прилеп, за текстовите „Спиро Црне“ (1989) и „Лепа Ангелина“ (1996).

Неговите драми се преведени и изведувани на англиски, чешки, полски, руски, француски, романски, српски, словенечки, турски и на бугарски јазик.

Почина во Прилеп на 20 октомври 2004 година.

Нема Коментари

Коментирај