Благоја Попоски...

Благоја Попоски

Благоја Попоски е роден 1917 година во Прилеп во свештеничко семејство. Неговиот дедо Аце бил свештеник во Никодин, а татко му Диме имал завршено филозофски факултет и бил секретар на градската организација на ВМРО во Прилеп, додека мајка му Каљопа имала завршено учителско училиште.

По завршувањето на основното образование, Благоја заминал во Белград да студира право. Тој е активен учесник во создавањето на МАНАПО во 1936 година во Белград каде што се здружил со напредната македонска младина.
Во 1938 година бил делегат на КПЈ од Прилеп на партиското нелеганото советување одржано во Катланово.
По враќањето од Белград, Благоја заедно со неговиот брат Никола работеле како книжари.
Во првите денови од окупацијата како партиски активист, заедно со својот брат Никола Попоски, дејствувал во Никодин, Крстец и Топлица.

Поради учество во растурањето на првиот леток во Прилеп на 11 јули 1941 година, по неколку денови поврзувајќи ги со хартијата што била користена како леток, Благоја и неговиот брат Никола биле уапсени од бугарската полиција, но по десетина денови биле ослободени поради немање на докази.

На 11 октомври Благоја и Никола Попоски учествувале во формирањето на првиот партизански одред на месноста Црвени стени. Заедно со Аспарух Јосифоски, Душко Наумоски, Милан Димоски и Драган Спиркоски учествувале во нападот на полицискиот участок во Прилеп.

Поради своите активности, на 25 ноември 1941 година од битолскиот воен суд, заедено со Благоја и Драган Спиркоски биле осудени во отсуство на по 15 години строг темничен затвор.
Во 1942 година е уапсен и од скопскиот бугарски воен суд бил осуден на доживотен затвор поради пружање помош на ранети партизани.
По капитулацијата на фашистичка Бугарија, Благоја се вратил во слободна Македонија каде што станал јавен обвинител.

На 19 ноември 1946 година, Благоја Попоски како јавен обвинител го читал обвинението за време на судењето на Методија Андонов-Ченто, кога бил осуден на 11 години затвор со присилна работа и 5 години губење на граѓанските и политичките права.

По војната работел во судските органи во Македонија, а потоа во МНР во Белград, во амбасадите во САД, Индонезија, Турција и Кипар. По тешко боледување, починал во 1980 година.

Нема Коментари

Коментирај