Благоја Миноски - Потпретседател на ФК „Победа“

Благоја Миноски – Потпретседател на ФК „Победа“

БЛАГОЈА МИНОСКИ

Потпретседател на ФК „Победа“ во 1971 година

Директор на Претпријатието за јавен автотранспорт и шпедиција „Пелагонија турист” – Прилеп.

Еден од најактивните членови на УО и воедно потпретседател на клубот. Максимално учествува во разрешување на сите проблеми, рационален и конструктивен, не штедејќи се себеси, сето слободно време му го посветува на клубот. Носител е на многу акции кои што видно ги подобрија базичните услови: проектираната дренажа на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ Прилеп, потревнувањето на теренот, изградба на западната трибина на Градскиот стадион и слично.

Најдувајќи се на функцијата Потпретседател направи огромни напори за воспоставување на контакти, трајни спортски односи со сите клубови од нашата Република. Посебно со клубовите кои се натпреваруваат во сојузна конкуренција.

Како претставник на Победа еден мандантен период беше Потпретседател на здружението на на Второлигашите – група Исток, каде максимално се ангажира за принциелно разрешување на тековните проблеми, за заздравување на односите меѓу членовите на Здружението на Втополигашите група Исток и за објективен третман на сите присутни проблеми.

Значајно е се обележи и тоа дека дал голем придонес за разрешување на повеќе административно стручни и организациони прашања во клубот.

Извадок од публикацијата „30 години Гоце Делчев – Победа“

Нема Коментари

Коментирај