БАЛКАНСКОТО БОЈНО ПОЛЕ
11 септември 1918 година
„Воен дневник“
Солун, 10 септември
Официјален извештај на Штабот на сојузничките војски на Исток за 10ти септември 1918:
Гонењето на непријателот се продолжува без прекин на целиот фронт.
Под постојан оган од нашите трупи, напаѓани од митралезите и бомбите на нашите авиони, непријателските колони се повлекуваат нагло кон север во неопишан неред.
На север од Битола, и покрај огорчениот отпор на непријателската отстапница која е силно вооружена со митралези и артилерија, го поминавме селото Тополчани кое се наоѓа на половина пат помеѓу Битола
и Прилеп.
Патот Прилеп — Кавадар (Кавадарци) е под контрола кај превојот Плетвар.
Непријателот при повлекувањето предизвика неколку пожари во Прилеп.
Нашите трупи напредуваат северно од Вардар, од страната на Криволак и Демир Капија.
Северно од Гевгелија ги зазедовме селата: Пецово, Ковинци и Пардовица. исто така заземени се Богданци и Дојран.
Во текот на денот заробивме нови заробеници и десетина топови од кои неколку се со голем калибар.
Три комплетни возови со авиони и нови автомобили, цистерни со бензин, храна и инжинериски материјал паднаа во наши раце. Невозможно е дури и приближно да се процени вредноста на пленот.
Секаде, во текот на пробивот, нашите трупи заробуваат огромни количини на воен материјал, кој често пати е во одлична состојба.
Продолжувајќи храбро со своите подвизи, нашите авијатичари предизвикуваат паника во непријателските колони, на кои само вчера фрлија повеќе од 4 тони бомби.“
Солун, 11 септември
Српски официјален извештај за 10ти и ноќта спроти 11 септември 1918:
„Навлегувањето нашите трупи на левиот брег на Вардар и северно од патот Прилеп — Градско продолжува без застој. Француските трупи
влегуваат во Прилеп а непријателот со борба одстапува кон Велес.
Во наши раце падна значителен воен плен на патот Прилеп — Градско.
До сега е јавено дека 13 топови, поголем број, коли, полски кујни, коњи, волови и мноштво на друг воен материјал.
Бугарите при повлекувањето напуштија една воена болница со 120 ранети и болни.
Од наша страна се ослободени и неколику романски војници од бугарското ропство.“
Коментирај