Прва светска војна: Спортски игри организирани од Централните сили во Прилеп

Атлетика

Почетоците на атлетиката во Прилеп датираат со формирањето на Соколското друштво, во периодот меѓу двете светски војни.

Вистинскиот организиран развој на атлетиката датира во годините по Втората светска војна. Првите атлетски дисциплини: трчање, фрлање ѓуле, скокање во височина и далечина, биле одржани во дворот на тогашната Гимназија „Мирче Ацев“ (денешното ОУ „Кочо Рацин“). До оградата од куќата на Ношпал била ископана јама, која се користела за доскок при натпреварувањата во скок во далечина, скок од место, трискок и скок во височина.

Меѓу првите атлетичари во Прилеп се истакнале: Тодор Крстески – Тошко, Васил Попоски, Благоја Папазоски, Кирил Мирчески – Ракиџија, Душан Чупетрески – Дуте, Веселин Тофоски, Стеван Стеваноски – Цицо, Илија Чкалески, Љубиша Станковиќ, а меѓу жените се истакнале: Олга Ношпалоска, Даница Мирческа и Елена Лазареска.

Првиот официјален настап на прилепските атлетичари се случил во август 1945 година, кога тие зеле учество на Првиот републички фискултурен слет во Скопје. До 1950 година, прилепските атлетичари на атлетските натпреварувања настапувале како атлетска секција при СД „Гоце Делчев“.

Во 1960 година, во рамките на прославата на денот на Републиката 29 ноември, во Битола е организирана нoќна трка. Покана за учество на оваа трка испратена е и до Општинскиот комитет на Народната младина во Прилеп.

На трката се испратени 10 атлетичари и атлетичарки од Прилеп, со што всушност е родена идејата за формирање на Атлетски клуб во Прилеп, со што е увидено е дека постои големо интересирање за атлетиката. Во Битола иако аматери, прилепските атлетичари, постигнале повеќе од задоволувачки резултати. На оваа трка Олга Богатиновска го освојува третото место во конкуренција на жени а машката екипа го освојува четвртото место.

Веднаш потоа при Спортското друштво „Победа“ формиран е атлетски клуб кој броел околу околу 30 членови.

Во 1961 година Атлетскиот клуб „Победа“ учествува со скоро сите членови на Републичкото првенство во Скопје, во три кола со финале. За жал прилепските атлетичарки учествувале само во првото коло, затоа што за натамошните кола биле сопрени од нивните родители.

Истата година прилепските атлетичари зеле учество на поединечното првенство на

Македонија во Скопје, на ноќните трки во Битола и Штип, и на ноќните трки во Прилеп организирани по повод „11 Октомври“ и ноќната трка спроти Новата 1962 година.

Успеси во периодот 1961 до 1962 година

-          Таки Василевски, фудбалер на ФК „Победа“на 1.500 метри на поединечното првенство  го освојува третото место и добива покана од Атлетскиот сојуз на Македонија да учествува во екипата на Македонија.

-          Сотир Гавриловски, со неговите 16 години, во конкуренција на помлади јуниори, го освојува петтото место на крос првенството на 1.500 метри, на поединечното првенство на 5.000 метри го освојува четвртото место.

-          Љубинко Рајевац во дисциплината фрлање на ѓуле го освојува второтво место.

-          Олга Богатиноска, во трката на 800 метри го освојува третото место, во првото коло.

Атлетскиот клуб „Победа“ поради немањето на основниуслови и средства, тренинзите ги одржувалееднаш во неделата, а преку зимските месеци прекратувале, поради немањето на затворени простории.

На 3 ноември 1965 година, во просториите на СОФК Прилеп, било одржано основачкото собрание на новоформираниот атлетски клуб „3 ноември“. За прв претседател на клубот бил избран Славе Богатиноски, а за тренери биле поставени Станко Конески и Ѓорѓи Гешоски. На 5 март 1967 година, на републичкиот атлетски крос во Скопје, АК „3 ноември“ стана вкупен победник и го освои првиот трофеј – пехарот на Атлетскиот сојуз на Македонија.

Ѓорѓи Гешоски бил професор и долгогодишен спортски активист. Најпрво, како ученик во средно, настапувал за АК „Борец“. На терените на Гази Баба, во трката на 1000 метри, убедливо победил. Од 1956 година настапувал за АК „Младост“ од Земун, Србија. По враќањето во Прилеп, преминал во АК „Победа“, а подоцна во АК „Трети ноември“. Меѓу многуте одговорни функции кои ги извршувал, бил и: Тренер на женската сениорска атлетска репрезентација на Македонија; Селектор на репрезентацијата на Македонија во сите категории; Претседател на тренерската организација на Македонија; Претседател на стручниот совет на АС на Македонија; Член на стручниот совет на АС на СФРЈ; Меѓународен атлетски судија. Добитник е на бројни признанија, дипломи и плакети од Општината, Републиката и пошироко. Неколку пати ја освоил титулата: Најдобар тренер на град Прилеп.

На 3 ноември 1967 година се одржа и првиот меѓународен атлетски крос во Прилеп, на кој покрај прилепскиот клуб, учество зеде и АК „Петар Чангелов“ од Пловдив, Бугарија.

На меѓународниот атлетски крос во Мезидон, Франција, атлетичарката на АК „3 ноември“ Славица Конеска го освои третото место, додека првото место и припадна на Французинката Колет Бесон, победничката од Олимписките игри во 1968 година. Славица е повеќекратен првак и рекордер на 100, 200, 400 и 600 метри и победник на повеќе републички крос натпревари. Има настапувано во сите спортски центри во Југославија и има постигнато извонредни успеси. На државното првенство за железничари во Сараево беше прва на 400 и 800 метри. Беше и кандидат за репрезентацијата на Југославија за Олимписките игри во Минхен. НА 16-годишна возраст ја освои највисоката награда во Прилеп – Спортист на годината.

Членовите на АК „3 ноември“ – Атанас Димов и Милан Алексоски – Састио, заслужуваат да бидат спомнати како прилепски маратонци, освојувачи на повеќе награди на маратонските трки.

Во 1972 година, Соња Мицеска беше прогласена за спортист на годината на град Прилеп, а претходно со оваа титула се имаа закитено и Вера Василеска (1966) и Славица Конеска (1970).

Во 1996 година формиран е и вториот атлетски клуб во Прилеп – АК „Прилеп“, а при крајот на годината и третиот – АК „Македонија“.

Нема Коментари

Коментирај