Аспарух Јосифоски (брат на Кузман Јосифоски- Питу) е роден 1912 година во Прилеп.
Едвај го завршил основното образование. Потоа работел како бакал.
На 11 октомври Аспарух Јосифоски учествувал во формирањето на првиот партизански одред на месноста Црвени стени.
Заедно со Благоја Спиркоски, Душко Наумоски, Милан Димоски и Драган Спиркоски учествуваат во нападот на полицискиот участок во Прилеп.
Заради нелегалните активности бил уапсен и интерниран во Добруџа.
По капитулацијата на Бугарија се вратил Прилеп и бил поставен за командант на база, а потоа се преселил во Скопје.
Работел во МВР, а во 1964 година се пензионирал со чин – мајор.
Почина во Скопје 1990 година.
Коментирај