Керамички наоди од неолитската населба Аличаир...

Неолитска населба Аличаир

Неолитска населба Аличаир е откриена во 1969 година, во дворот на ул. Душко Наумоски бр. 12, при копањето на септичка јама, кога се откриени остатоци од праисториска населба. При ископувањата во 1968 и 1972 година е утврден културен слој со еден хоризонт на живеење, поточно, остатоци од населба од доцниот неолит.
При сондажните испитувања, од подвижните наоди најзастапена била керамиката. Таа била направена од недоволно пречистена земја, измешана со ситни камчиња.
Пронајдени биле поголеми садови со груба фактура, плитки конични чинии со масивни или танки ѕидови, помали амфори, пехари на висока нога и сл. Била пронајдена и една оштетена камена секира. Во сондите имало и многу коски од домашни животни и еленски рогови, како и речни школки.

На околу 100 м северно, на местото каде што се наоѓа Зоолошката градина, исто така при градење на станбени згради се откриени темели од ѕидови градени од кршен камен и варов малтер, како и множество фрагменти од керамички садови, покривни ќерамиди и архитектонски елементи од мермер. Во непосредната близина се најдени и две плочки од мермер со релјефна претстава на божиците Венера и Минерва. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Прилеп.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc