Локалитет Трпчева Црква, доцноантичка градба

Локалитетот „Трпчева црква“

Локалитетот „Трпчева црква“ е средновековна словенска некропола која се наоѓа во близина на с.Дуње во Мариово. Се работи за едно слојна средновековна некропола но откриени се и остатоци од мала сакрална градба од доцноантичкиот и рановизантискиот период.

Во текот на археолошките ископувања истражени се повеќе гробни целини, распоредени во редови и поставени според типичната христијанска ориенатација запад-исток.

Во гробовите откриени се повеќе гробни прилози кои му припаѓале на покојниците за време на животот: обетки, наушници, прстени, белегзии, мониста од ѓердани изработени од сребро, бронза или стаклена паста. Во самиот начин на обликување и изведба биле препознати античките и византиските традиции на изработка на накиот и според тоа ова некрополата се датира почетокот на X до XI век.

Во побогатиот репертоар на наоди од некрополата се вбројуваат крстовите. Откриени се пет крстови од кои три се едноделни крстови- приврзоци, а два се од типот дводелни крстови, кои во археолошката литература се познати како енколпиони, односно реликвијари. Крстовите се изработени од бронза и сребро во техника на лиење и гравирање. Се претпоставува дека биле работени во локани работилници како копии на византиските прототипи. Сите се во форма на латински крст, со релјефни или врежани христијански мотиви. Според иконогравските претстави и овие наоди се датираат X-XI век.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc