Дел од наоди од гробот 1 од локалитетот „Попадин Дол“.

Локалитетот „Попадин Дол“

Локалитетот „Попадин Дол“ се наоѓа во близината на Институтот за тутун во Прилеп, каде своевремено се откопани два гроба. И двата се ориентирани во правецот исток-запад, а меѓу себе се оддалечени 30 метри.

Од гробните дарови тука се пронајдени две големи лачни еднопетлести бронзени фибули, две спирални бронзени белезици, две монистри од килибар и др. Се смета дека пронајдените фибули се наследници на фибулата од типот Peschiera, а се карактеристични за времето од околу 1000-та година пред Христос.

Според тоа, гробовите од локалитетот „Попадин Дол“ се датираат во железната епоха I-б за Македонија.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc