Керамички сад и наочарести бронзени фибули од локалитетот „Касарни“, VIII-VII век пред нашата ера.

Локалитетот „Касарни“

Локалитетот „Касарни“ припаѓа на развиената фаза на железното време од VIII до IX век од старата ера, кога биле воспоставени стабилни услови, при што растела јасно изразената свест за етно-племенската припадност на популациите, кои ги населувале овие простори.

Токму на оваа фаза припаѓа единечниот гроб од типот на циста со покојници, погребани во испружена положба, откриен на локалитетот „Касарни“ во Прилеп во 1966 година. Од наодите во овој гроб откриени се садови, украсени со шрафирани триаголници и наочарести бронзени фибули, без осумки меѓу дисковите.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc