„Кале” - Дебреште (Деурети, Д’бреште), доцноантички крајпатен кастел.

Локалитетот „Кале–Градиште“

Локалитетот „Кале–Градиште“ е полигонален кастел со кули од доцноантичкото време.

Месноста „Кале” лежи 1,5 км југоисточно од Дебреште, на северозападниот раб на Пелагониското Поле. Со долгогодишните ископувања откриени се помали остатоци од предисторијата, од хеленистичко и римско време. Во раниот IV век тука бил изграден цврст кастел од камен со малтер. Кастелот бил уриван во доцниот VI век за време на аваро-словенските инвазии, меѓутоа повторно бил обновуван и користен. Пред југозападниот ѕид (на потегот Млака) настанала во VII и VIII век голема некропола со делумно кремирани умрени. Ископани се наводно и 2 куќи — полуземјанки од VIII и IX век (непотврдено).

Во XI век наваму постои мала населба во рамките на големата крепост со една црква и околу неа со гробови што се откопани во северозападниот дел на кастелот. Наодите во гробовите потекнуваат од XI до XIV век.

На локалитетот Дебреште непотребно му беше даван преголем публицитет во средствата за јавно информирање кај нас и беа потрошени енормно големи средства за ископувања на овој наводен словенски раносредновековен град. По три децении ископувања во голем стил и празни реклами, стручната јавност може конечно да каже дека ништо од сето тоа не постои.

Резултатите се крајно скромни, ограничени на предсловенска доцна антика.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc