Локалитет Тумба Сурун, Горно Село

Локалитетот „Горно Село“

Локалитет Тумба Сурун, Горно Село се наоѓа на околу 1,5 км воздушна линија, западно под Златоврв. Тука се пронајдени остатоци од тврдина од хелинистичко време. Се претпоставува дека во близина на тврдината постоела мала населба.
На поширокиот простор околу Горно Село се откриени неколку некрополи, и тоа:

-Асаница, некропола од римското време. Според податоците на овој локалитет, кој е во близината на селото, биле најдени римски монети, делови од накит и статуетка со претстава на Меркур, сите изработени од бронза.
-Бревчина, населба од доцноантичкото време.
-Бучалиште, населба од доцноантичкото време.
-Грамаѓе, утврдување од хеленистичкото време.
-Ризоец, некропола од римското време.
-Сурун, некропола од хеленистичкото време.
Во подножјето на ридот Сурун се откриени 5 македонски гробници издлабени во карпа, со кремирани покојници. Сите се со подолг ходник, претсобје и гробна просторија. Од гробни прилози биле најдени фрагменти од керамички садови и метални предмети.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc