Локалитет „Трештена Стена“

Локалитетот „Трештена Стена“

Локалитетот „Трештена Стена“ се наоѓа на околу 5 км североисточно од село Крушевица., 100-тина метри западно од пристапниот пат за село Чаниште, а во атарот на село Манастир. Овој локалитет претставува праисториска населба, која егзистирала низ енеолитскиот период.

Населбата имала еден културен стратум, со најмалку шест хоризонти на живеење. При археолошките истражувања, евидентиран е голем број животински коски и речни школки, што укажува на фактот дека оние, кои го населувале просторот на Трештена Стена се занимавале, покрај со сточарство, и со лов и риболов.

За ова повеќе во: Macedoniae Acta Archaeologica, број 19, 2010 година.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc