Керамички садови од локалитетот Бакарно Гумно кај селото Чепигово, рана бронза.

Локалитетот „Бакарно Гумно“

Локалитетот „Бакарно Гумно“ се наоѓа на природна висока тумба од јужната страна на селото Чепигово. Под тумбата тече реката Блато, а има и извор за пиење. Во близина се наоѓа и Црна Река. Културниот слој е дебел повеќе од три метри, а населбата четири пати е уништена од пожар и исто толку пати подигнувана на исто место. Заради тоа се разликуваат четири фази на развој.

Керамиката во Бакарно Гумно I е застапена со груба и поубава фактура. Од облици на садови најмногу има чинии во повеќе варијанти. Од пластиката застапени се статуетки што седат, а најдени се земјени цедила, коскени шила и кремени артефакти.

Бакарно Гумно II го сочинува третиот хоризонт на станување. Куќите се четвртасти и надземни. Тука се појавуваат и пехари на висока нога.

Најмладата фаза на Бакарно Гумно III има керамика, за која се карактеристични чинии со здебелен обод, како и садови со една или две дршки, што го надвишуваат ободот.

Во Бакарно Гумно материјалот е единствен низ првите три фази, што значи дека постои континуитет, односно целосен развој кој се движи до раната бронзена епоха во Македонија. Локалитетот Бакарно Гумно има големо значење за праисторијата воопшто, а посебно за Пелагонија.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc