Локалитет Алкомена, село Бучин

Градот Алкомена, (Локалитет Рид, село Бучин)

Градот Алкомена

Над селото Бучин се издига долгманесто оформен рид, кој ја затвора долината на Црна река пред нејзиниот влез од Демирхисарскиот регион во Прилепско поле, така да со своето корито во голем лак го опфаќа од неговите три страни.

Површинските движни наоди определуваат егзистирање на населба на локалитетот Рид од IV век ст.е. до VI век н.е. Од две натписни мермерни плочи евидентирани во соседното село Бела црква, дознаваме за статусот на Алкомена како помала населба (коме) во римскиот период. Од овој локалитет евидентирани се бројни монети на македонските кралеви. Истовремени монети потекнуваат и од блискиот локалитет – Планчова нива.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc