Тумул со гробови од локалитетот Страгата, преоден период од бронзено во железно време.

Локалитетот „Страгата“

Локалитетот „Страгата“ се наоѓа на околу 2,5 км источно од село Крушевица.

На пониските падини од ридот, на левиот брег од Крушевичка Река, се наоѓа тумул со поголеми димензии. Со археолошките испитувања извршени во 2001 година, се утврди дека истиот бил користен низ подолг временски период, од доцното бронзено време, преку доцноантичкиот период, па се до средниот век.

Со ископувањата се констатирани 77 гробни конструкции.

За ова повеќе во: Macedoniae Acta Archaeologica, број 19, 2010 година.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc