1928: „За успомен... Посластичара код Јована Биџовића“

Алваџиско – посластичарски еснаф

Ориенталната чаршија и град, какав што бил Прилеп не можело да се замислат без ориенталните слаткарници (Посластичари) каде што се продавале надалеку познататата прилепска алва, шеќерпарето и локумот.
За време на османлиското владеење, прилепските алваџии, алвата и шеќерпарето ги продавале на големите панаџури низ целиот Балкан а забележано е и дека овие специјалитети се продавале и на плоштадите во Виена и Лајпциг. Потрагата по подобар живот ги натерала прилепските алваџии да заминат на печалба во Босна, Бугарија, Србија и Влашко а некои од нив се населиле таму, основале свои семејства и станале угледни граѓани.
Така во Бугарија најпознат алваџија бил Прилепчанецот Иван Стефанов Богоев кој со своето семејство се преселил во Јабланица во 1895 година.
Таму започнал да произведува и продава таан-алва направена по рецепт кој го донел од Прилеп а во 1934 година почнал со индустриско произвоство на неколку врсти на таан алва кои до ден денес се познати низ цела Бугарија под името „Јабланска алва“.
Кај нашиот народ останал изразот „Алваџиски тефтер“ што значело валкана и неуредна тетратка или бележник, алудирајќи на постојано валканите и мрсни раце на вредните алваџии.

Нема Коментари

Коментирај