15 септември 1946: Заверка со печат од Околискиот народен одбор - Прилеп

Летописна книга на училиштето во село Манастир 1946-1960 година

Летописна книга за активностите на училиштето во село Манастир 1946/60 година

Летописната книга за активностите на Народното основно училиште во село Манастир претставува тетратка во која се запишани белешки за активностите на учителите кои работеле во ова училиште, почнувајќи од учебната 1947 година до 1960 година.

__________________________________________________________

Учебна 1946/47 година
Попоски Трајков Ристе
Витолиште

Историјата на селото…

Селото е старо. Било под турско и грчко ропство, та работело за ослободуење на македонскиот народ.
За време на турското и грчкото ропство, просветата била многу назад. Не само за тие ропства немало училиште, но дори и за српското и бугарското.

За време на окупацијата за прв пат во селото се отвора основно училиште през учебната 1942/43 година и траеше до 19 јуни 1943 година.
За 1942/43 беше назначен учител од село Горно Сливово – Бугарија, Ганчо Маринов Апостолов, стар на 45 години. Тој бил многу добар и по природа многу тих. Тој работел со партизаните и бил доста добар за самото село..
Кога дошол тој во селото како учител видел дека нема училиште и затова своите ученици кој биле на број 25 ги збирал во манастирот Св. Богородица.
Једини бил кој е завршил целата 1942/43 учебна година.
После него се биле уште многу учители кои не и довршувале учебните години и така селото пак заостанало без учител.

После долго траење селото без учител, дори по ослободуењето на Македонскиот народ од окупацијата, му даде право на селото да има учител, чак во 1946 година.
За учебната 1946/47 година која започна училиштето да работи од 21 октомври 1946 година.
За учител е назначен другарот Блаже Димески, роден во град Прилеп, стар на 19 години.

Со отворање на училиштето, наставата се вршеше редовно и редовноста на учениците е доста добра.
Како е напоменато горе да во селото нема училиште, затова наставата се води пак во манастирот Св. „Богородица“, кој е близу до самото село.
Училницата во која се води наставата, та е не хигиенска, не одговара на хигиенските условија. Таа е темничава, која нема достаточно светлина.

 

Учебна 1948 година
Веса Мирческа

…Со идењето на учителката Веса Мирческа, стара на 19 години, родум од град Прилеп, која започна од 8 март 1948 година.
Исто наставата се води редовно и редовноста на учениците е добра.
Училиштето е приватна зграда – манастир, која е стара зграда и нехигиенска, не одговара на хигиенските условија.

 

Учебна 1949/50 година
Борис Цветаноски
Мало Коњари

…Со идејнето на учителот Борис Цветаноски стар на 33 години, роден во село Мало Коњари, Прилепско.
Започнав со работата од 30 септември 1949 година до 11 јуни 1950 година.
Наставата се водеше редовно, редовноста на учениците е добра.
Училиштето е приватна зграда – манастир, која е стар, правена уште одавно време, и целосно не одговарат.

 

Учебна 1950/51 година
Ристо Трајанов Попоски
Витолиште

Историјата на училиштето за времето на учебната 1950/51 година


Училишната година започна точно на 6 фебрувар, бидејќи ова училиште е амбулантно.
Учителствуваше Попоски Трајанов Ристо, роден на 12 април 1932 година во село Витолиште, Околина прилепска (Маријовец).
Во училиштето имаше 15 ученика кои што беа редовни во идењето.
Постоеја I, II, III и IV одделение. Учителот беше сместен во стан во новото училиште каде што ги имаше сите условија.

През оваа учебна година, Министерството за просвета и култура отпушти буџет за училиштето 8.300 динари, кој што е искористен за купување на намештај, како креветот 1.300 динари, астал (масата) 600 динари и други инвентарни средства за училиштето.

Зградата во која што се наоѓа училиштето е приватна зграда, т.е манастирот „Св. Димитрија“, кој што од селото е одделен со неколку метра (200).
Зградата е темна и непогодна за училиште. Во училницата небеше добро застапена културно-просветната работа, т.е немаше пароли и зидни весници преку кои би можел да се огледа ученичкиот живот на овие ученици, поради што немавме хартија (книги) за пишување.

Јас како учител, се залагав да се доправи новото училиште кое што се наоѓа во средината на селото и е многу убаво место. На неколку конференции, како младински, фронтовски и други, јас предложив да се израмни дворот и да се ископа бунар за пиење на учениците, но това до ден денеска не е сторено.

Училиштето неколку пати е посетено од страна на Поверенството за просвета и култура, т.е од испекторот Александар Смугрески и немаше забележано лоши црти, било кај учитело, било кај учениците.

На последното ревизирање, учителот беше пофален за добриот постигнат резултат.
Општата оценка на учениците беше 4,75.
Това се постигна со упорна работа , како кај учителот, така и кај и учениците.
Во колку ве интересира за историјатот на селото видете во првите листови на поранешните учители, а јас се задржувам повеќе во опишување на училишниот живот каи учениците.

Во колку се интересирате за животот на училиштето и учениците, побарајте го во архивата Статистичкиот извештај кој што е поопширно пишуван со црвено мастило, бидејќи овде неможам да пишувам опширно, бидејќи пишувам со подострено дрво, а не со перо.

Извинете што имам направено грешки!

 

Учебна 1952/53 година
Силјановски Божидар
Прилеп

Историјатот на училиштето при ова село


Како и претходните учебни години така и оваа година училиштето беше амбулантнозатова што нема доволен број на ученици.
Бројот на ученици е како што следува: I(2), II(3), IV(8) или окрупно 13 ученика.
За време на оваја учебна година т.е 1951/52, учителствуваше Силјановски Божидар од Прилеп, со завршена учителска школа, стар на 19 години, со првогодишна учителска пракса.

Учебната година започна од 15 септембар 1952 година, во старата манастирска зграда. Но благодарение на моето залагање, училиштето го преселив во новата селска задружна зграда, каде имаше училна и стан за учителот.
Училната и ако нова, не е направена за училна, но немајќи подобра, мораше наставата да се изведува и во таква.
Министерството за оваа учебна година отпушти буџет во сума околу 18.000 динари, кој не беше искористен цел, затова што имаше пречка во подигање на парите.
Потрошената сума се утроши во дополнување на инвентарот. Стол, леген и други прибори (садови за учителот) и училишни работи.

На многу фронтовски и младински конференции јас предлагав да на училишниот двор се става ѕидови како би приличало на училиште, затова што отсега оваа зграда ќе служи за училиште, исто така и во двориштето се засадат некој дрвчиња, но времето беше кратко и тие предлози се усвоија но не се остварија.

Како учител се залагав да се доправат и некој простори, како иби училиштето имало и една помошна соба (сала), која ќе послужи за културно издигање на учениците и селото (сала во која ќе може да се издават приредби за подобрување на културниот живот на селото).

Во оваа учебна година, училиштето беше посетено и ревизирано неколку пати од страна на инспекторот Пацаноски Благоја кој донекаде се задоволи со успехот на учениците.
Редовноста на учениците помогна да за кратко време се постигни успех.

Хигиената на учениците, како во школата, така и личната хигиена задоволуваше преку целата учебна година.
Ова е второто житие на училиштето во село Манастир, односно животот и работата во новото училиште кое подоцна ќе се уреди како би приличило во кое се образуват и воспитуват деца од 7-11 годишна возрас.
За првата прочит, напред.
Смрт на фашизмот, слобода на народот.

Учебна 1953/54/55 година
Димевски Драган

Историјатот на селото и училиштето

Не мислам да ги наполно окривувам претходните учители во ова село, но сепак ја фрлам кривицата на истите што не се потрудиле бар донекаде да го дадат историјатот на ова село и набават нешто за школото.
Имаат дадено извесни податоци, но не баш доволно точни. Изгледа сека земале податоци од учениците а не од постари луѓе од ова село.
Но секојпат тешко можа да се соберат точни податоци поготово за вековни села.
Во главно денешно село Манастир се викало во постаро време Селце, а подолу ќе видиме зошто Манастир.

Денешно Манастир се најдува во подножието на спуштените ридчиња од планината Козјак.
Подалеку од селото до 2000 метри се најдува џаде кое што го сврзува не цело Мариово со град Прилеп.
Местото каде што било некогаш ова село Манастир а тогавашно Селце, има останато извесни трагови и по кои се сеуште тврди.
А това се разни рушевини и чешмата која и ден денека постои, правена 1917 година.

Од Селце имало момци на манастирот, и неможејќи да опстанат со таков живот, со секојдневен пат од 1000 метри, во близина на манастирот почнале да прават куќи да би опстанале, т.е извојувале еден залак леб.
На тој начин постепено се намалувале куќите од Селце а се подигнало ново село близу манастирот наречено по името негово, село Манастир.

Народот од ова село се најдувал под двојно ропство, под турско и грчко.
Економски и политички бил обезглавен. Турците вршеле разни не хумани работи на населението. Поред това што бил селанецот принуден да ја признава турската власт и од сработеното ќе добие со сем малу, бил принуден и да му го даде своето женско дете за вршење на разни насилија. Домаќинот и домаќинката биле истерувани од куќата а бегот останувал со женскиот пол во куќата.

Мажите постојано бегале во Грција, од кои некој ќе се врати по извесно време 10-15 години а некој тамо ќе остани. А нивното отстранување од куќата лошо се одразувало на оставеното потомство што водело раскошен живот, поготово мислам на неморалниот.
Затова и ден денеска во ова село има траги на неморалност, а не само во ова село но и во околните што ги имам посетено.
Не знаење на крвно родство, младото поколение секако се воспитува повеќе во куќата слушајќи ги зборовите на родителите и това мора да тргне по нивниот пат.

Што се однесува за училиштето…

Било сместено во манастирот поради немање на школо во ова село. А подоцна се направила зграда, не за школо но за кооперација која постоела во селото. Така да денеска се најдува школото во таја зграда.
Но условите за работа во вакви згради поставени за школо воопште не одговараат во било која гледна точка. Ова го велам затова што во самата зграда е сместена и селската набавна Народна задруга.
Това прашање прашање многу пати сум го поткренал, повеќето во интерес да се правилно одвива работата во школото, пред НО-Витолиште и инспекторот, но нема никаков задоволителен одговор.

Во ова село учителствувам 2 години, т.е през учебната 1953/54/55 година.
До моето идење како учител во ова село, училиштето било амбулантно, а за време на моето постоење, траеше редовно по цела година.
Кога дојдов во училиштето немаше многу работи кој работи морало да ги има, та тогај.
Столици имаше само една а сега има пет, преди се ово спаѓа во инвентарната книга.
Но сакам да кажам како НО-Витолиште што доделува буџет за ова школо, каков инвентар имаше према истото.
Но нивното зборување „во училиштето нетреба да се купи саат, нетреба толку столици, што ќе му ламба, нагледни средства има и малку деца таму.“
Но напротив това успеав сите тие претходни работи да ги купам за школата, макар со буџет за кое дотогашните учители слабо се интересувале.

През учебната 1953/54 година имав 12 редовни ученици, а през учебната 1954/55 година 17 редовни ученици.
И во двете години редовноста на учениците беше постојана. За успехот во работата на наставата немислам ништо да зборувам во оваа книга затова што записниците на ревизионата книга јасно ме сликат како сум се залагал во наставната работа во училиштето и вон училиштето.
Не е доволно да се стави слика во оваа книга, но важно е да се стави слика за работата на учителот од страна на инспекторот каде што ќе може да се огледа целокупната работа на било кој учител.

 

Учебна 1959/60 година
Јанкулоски Стеван

 

Историјатот на училиштето при ова село

Училиштето во оваа село како што нагласија и претходните учители и оваа година работи цела година.
Бројот на учениците при ова училиште беше минимален и изнесуваше 17, и тоа како следува.
I одделение (3), II одделение (11), III одделение (3).
Со училиштето през 1959/60 година раководеше Јанкулоски Стеван со завршен матурски испит со првогодишна учителска пракса. Роден е во град Прилеп на 19 септември 1938 година.

Важни податоци за ова село зедов од постари луѓе од ова село. Према нивните кажувања, денешново село Манастир во постаро време се викало Селце. Истото се простирало на падините од познатата планина Козјак.
На 200 метри далечина од селото се најдува главниот јазел што го сврзува Мариово со град Прилеп.

Што се однесува за самото училиште и неговата работа треба да се каже следното:
Училиштето отпочна со работа на 25 септември 1959 година. Истото е сместено во приватна зграда која што не одговара за училишни простории. Истата зграда не располага со двориште каде би се одржувале часовите по фискултура (Физичко воспитување), и затоа бев принуден да истите ги одржувам надвор од училишната зграда на далечина од 300 метри а затоа се разбира се губи драгоцено време.
Наставата беше прекината во почетокот на учебната година поради полагање на матурскиот испит. Други прекини во наставата се направени за време одржувањето на семинарот на ЕЖМ и државните празници: 11 октомври, 29 ноември, Новата 1960 година и 1 мај.
За успехот на наставната работа не би имал што да зборувам, бидејќи за тоа си го дадоа својот збор комисијата за оценување на мојата работа како во училиштето, така и надвор од него и врз тоа се направени записници од кои ќе се види каков успех сум постигнал во ова училиште.

Голема благодарност до Ристески Горан

Нема Коментари

Коментирај