За жал сеуште немаме фотографија од Алампиоска Блага

Алампиоска Блага

Алампиоска Блага е родена 1932 година во Прилеп.

Како артист со неколку прекини, подолго време работела во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Има настапувано во поголем број на сценски реализации, а исто така играла во скоро сите произведби на дела од домашните автори: „Робот и агата“ (баба Новејца и гостинката) и „Од главата си патиме“ (Мартиница) од Војдан Чернодрински, „Балада за орканата“ (стрината на Благо) од Видое Видичевски, „Триста коли трње“ (Добрила, мајката) од Миле Попоски и др.

Прерано починала во 1972 година.

Нема Коментари

Коментирај