Адамче Јанев: „Цветници“, гипсен грунд врз штица.

Адамче Јанев

Адамче Јанев работел во првата половина на XIX век. Познат е и како Адамче Зограф (предок на денешното семејство Зуграфовци). Негов зет за ќерка бил Јован Атанасов, кој на иконите се потпишувал како Јован Прилепчанин.

Јанев оставил импозантен опус, повеќе од 2000 икони низ цела Македонија, а најмногу во Прилеп и прилепско. Тој бил вистински мајстор на занаетот. Ги познавал сите суптилитети на сликањето икони, а каректеристични се неговите икони со ликот на Пресвета Богородица, со златни и цинобер бои, претежно работени во техниката гипсен грунд.

Нема Коментари

Коментирај