ФК „11 Октомври“.

ФК „11 Октомври“, 1965-1980

ФК „11 Октомври“ е формиран на 1 мај 1945 година во рамките на МСД „Прилеп“. Тој ден е одигран првиот пријателски натпревар, на кој со 1:0 е совладан СД „Гоце Делчев“.
На 12 октомври 1946 година, екипата за прв пат гостувала во странство, Албанија, во Корча и Тирана. Сепак, клубот со документ е регистриран на 21 ноември 1947 како ФК „Ударник“ кога се вклучува во Битолската фудбалска област. Најзначајна победа во тој период е против ФК „Работник“ (денешен „Пелистер“) со 3:0.
Во овој период, најуспешна е 1959 година, кога се добиени два квалификациски меча за влез во Македонската лига. Совладан е „Напредок“ од Кичево со 3:1 и 4:1.
Во 1963 година настанува фузија со ФК „Индустријалец“ и од тогаш е и името ФК „11 Октомври“. Клубот и втор пат игра квалификации за враќање во Македонската лига. Во 1969 година, во Свети Николе ги победува домашниот Овче Поле и Пелагонија од Битола.
Под името ФК „11 Октомври“ се натпреварувале во Втората македонска лига до 1984 година. Двапати биле член на првата македонска фудбалска лига и успешно се натпреварувале во друштво со најголемите македонски клубови во тоа време: „Работнички“, „Брегалница“, „Беласица“, „Тиквеш“, „Балкан“, „Борец“ и др.
Во 1984 клубот се фузирал со „Металец“, по што го презел и називот ФК „Металец“ и под тоа име се натпреварувале две сезони во Втората македонска фудбалска лига, за во 1986 година пак да го вратат своето старо име ФК „Прилеп“, и под тоа име настапувале до 1999 година. Потоа пак си го вратиле револуционерното име-обележје за град Прилеп – ФК „11 Октомври“, со кое до ден-денес се натпреваруват.
Есента, 2009 година, во купот на Македонија со 3:1 го елиминира ФК Вардар.
Во сезоната 2010/11 го освојува првото место во втората лига со што обезбедува директен пласман во Првата Македонска лига.

Како што гледаме од историјата на клубот, имало разни промени на името, но секогаш го задржувале спортскиот натпреварувачки дух, кој го водел напред низ сите тешки времиња. Кога други клубови згаснувале, ФК „11 Октомври“ останувал да учествува во создавањето на епитетот – „Прилеп – нај фудбалски град во Македонија“.

ФОТОГРАФИИ:

ФК „11 Октомври“ на припреми во мотел „Гратче“, Кочани:

Кирил Мирчески, Стеван Тоскоски, Васко Димитриоски, Кирил Митрески, Илчо Најдоски, Љупчо, Душан Кузманоски, Чедо Јанески, Васко Николоски, Трајче Чолаков, Миле Конески, Миле Николоски, Соте, Пеце Синадиноски, Слободан Трајчески, Пеце Ристески, Ице Илиоски, Ико Јованоски, Коле Спиркоски, Љупчо.

„11 Октомври“ – „Победа“ (Валандово), 1968:

Блаже Јорданоски-Шерифо, Трајче Маџоски-Маџо, Диме, Круме Митрикески-Митрико, Благоја Талески-Баџо, Борис Дамјаноски-Џаоло, Петре Тодороски-Чорбе, Благоја Јанкулоски, Јајцето, Митре Кочоски, Круме Николоски-Брацо, Неџо Митриќ.

ФК „11 Октомври“, 1980:

Бранко Петкоски, Драган Грујоски, Кирил Звездоски, Трајче Чолаков, Васко Димитриески, Владо Патоски, Васко Николоски, Гоце Аџиоски, Љупчо Црвески, Борче, Катаро, Коле Спиркоски, Стеван Тоскоски, Ристески (Пуце), Пеце Синадиноски, Миле Конески, Кирил Мирчески, Миле Николоски.

ФК „11 Октомври“, 1980/81:

Стојан Филипоски, Владо Димоски, Ѓоре Стојкоски, Ице Илиески, Кире Звездоски, Петре Димитриоски, Пеце Синадиноски, Стеван Тоскоски, Миле Конески, Слободан Трајчески, Петре Мишески.

1 коментар

  • deana January 26, 2016

    zosto ne vi e pisan ljupco Makaloski a na site sliki go ima

    Respond

Коментирај

© 2011/12 dbmc