1988: Логото од РО „Сирма“

РО „Сирма“

РО „Сирма“ – Прилеп
9 септември 1988 година
„Народен Глас“

CO ДОБРО РАБОТЕЊЕ ДО РЕЗУЛТАТИ

Во текот на јули годинава, РО „Сирма” скромно го прослави својот пет годишен јубилеј.
Формирана во 1983 година, најнапред како занаетчиско-производна задруга „Запо“, со пробна работа, петнаесетте вработени, започнаа во погонот во Тополчани, а веќе во март следната година, се започна со редовна работа. Се произведуваа чанти, несесери, пред се детска конфекција од скај.
Три години подоцна, отворен е погонот во Пепелиште-Неготинско за детска конфекција и постелнина. Набрзо постелнината стана водечка во вкупното производство на оваа работна организација, а постелнината
пред се за хотели, и болници како и чаршафи за ресторани, покрај во Оштинава, беа барани и во Републикава.

Во текот на 1986 година, занаетчиско производната задруга прераснува во работна организација Сирма”.
Продавници беа отворени во повеќе градови од Републикава (Охрид, Битола, Кавадарци, Неготино, Виница и др.) каде покрај сопствените производи се продава и дополнителна стока.
Минатата година „Сирма“ започна со истражувањата на украсниот камен „оникс“ во Бешиште Мариово, а истите веќе се приведуваат кон крај. Вкупното производство на „Ониксот“ не само што е продадено на одредени купувачи, туку годинава се почна со извоз во Италија, со што се испорачани околу 100 тони на овој украсен камен.

Во тек е инвестициона програма за осовременување на опремата во рудникот како и створање на мал погон за преработка на ониксот.
Во изминативе пет години, вработените во „Сирма“ со максимално ангажирање покажуваат забележителни резултати. Вкупниот приход, вели директорот Димирија Стојаноски, растеше со просечна стапка на пораст од 300 до 400 насто, а со ист процент и доходот како и чистиот доход. Само за илустрација да споменеме дека во 1984 година е остварен вкупен приход од 24 милиони динари, а годинава во првите шест месеци вкупниот приход изнесуваше милијарда и двесте милиони динари.
До крајот на годинава се очекува истиот да биде три милијарди динари, што ќе претставува натфрлање на планот за 1988 година за 70 насто. Бројот на вработените во „Сирма“ секоја година е се поголем, така што моментно работат околу 90 работници, додека досегашниот растеж на оваа работна организација е заснован на принципот, развој со сопствен труд. И покрај се „Сирма“ се уште се соочува со просторниот проблем. Иако и досега се чинеа напори овој проблем да биде симнат од дневен ред, сепак се уште е присутен.
Да споменеме и тоа дека перспективата „Сирма“ ја гледа во „ониксот“, меѓутоа, секако дека нема да бидат запоставени и останатите погони.

Нема Коментари

Коментирај