11 март 1966: „Коприва“

Коприва

Хумористично – сатиричната рубрика „Коприва“ во „Народен Глас“ првпат е објавена во 60-тите години од минатиот век, се до неговото затворање како весник.
Оваа рубрика на обичниот читател му ги пренесувала на еден комично – сатиричен и алегоричен начин секојдневните политички, стопански и спортски случувања, збогатени со прекрасните карикатури на прилепските карикатуристи: Јован Ношпал, Орде Стамболџиоски, Драган Секулиќ, Живко Козар, Сотир Христоски и други, трудејќи се притоа да го зачуваат традиционалниот прилепски мајтап во своите текстови.
Уредниците на „Коприва“ не ретко знаеле на посебно талентиран начин да ги искритикуваат опшествените проблеми во време кога цензурата во новинарството и секојдневниот живот била вообичаена.

Нема Коментари

Коментирај